Американците на Црн петок преку интернет потрошиле рекордни 7,4 милијарди долари

33

На Црн петок, Американците годинава потрошиле рекордни 7,4 милијарди долари, купувајќи преку интернет, додека помалку луѓе отишле во продавници.

Сумата се доближи до рекордниот дневен износ од 7,9 милијарди долари потрошени на минатогодишниот сајбер понеделник, кој засега го држи дневниот рекорд за онлајн продажба, соопшти „Адоб аналитика“, компанија која мери продажби во 80 од 100 американски онлајн малопродажни трговци.

Сајбер понеделник е еден ден по празничниот викенд по Денот на благодарноста, кој традиционално е на четвртиот четврток во ноември. „Адоб“ очекува продажбата на Интернет утре на сајбер понеделник да надмине уште еден рекорд и да достигне 9,4 милијарди долари.