Проработе старата врска, Мурињо на чекор од нов ангажман

168

Португалецот е без работа откако кон средината на декември беше отпуштен од Манчестер Јунајтед.

Жозе Мурињо во декември остана без работа. По поразот од Ливерпул со 3:1 и серијата лоши резултати во Премиер лигата, управата на Манчестер Јунајтед одлучи да му се заблагодари на соработката.

Во таа прилика тој заработи околу 20 милиони евра на име на оштета, се поврзуваше со голем број клубови, но одлучи да одмори од тренерската работа, повремено работеше како стручен консултант за „Беин Спортс“ и често даваше интервјуа за различни медиуми.

Се шпекулираше дека би можел да го преземе Јувентус, откако беше обелоденето дека „Старата дама“ се разделува со Алегри, а Португалецот ги демантираше тие информации, истакна дека никогаш не би можел да седне на клупата на „Бјанконерите“, поради својата историја со Интер.

Се поврзуваше и со Баерн Минхен, а сега, според француските медиуми, тој е многу блиску до клупата на ПСЖ.

Томас Тухел не остави добра трага во првата сезона на „Паркот на принцовите“, ја освои титулата, но тоа беше единствениот успех на Парижаните оваа сезона.

Доби поддршка од управата кога беше елиминиран од Лигата на шампионите од Јунајтед, но поразот во Купот на Франција од Рен, па и серијата лоши резултати во шампионатот доведоа до тоа ПСЖ да почне да размислува за други решенија.

Изгледа дека во Мурињо ја гледаат вистинската замена за Германецот, а за тоа говори и информацијата која ја пренесоа француските медиуми.

Тие тврдат дека Мурињо веќе имал разговори со газдите на клубот од Катар, дека преговорите се се посериозни и дека одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена во Доха.

Француските медиуми додаваат и дека Мурињо е во одлични односи со спортскиот директор на „Светците“ Антеро Енрике, со кого се познава уште од времето додека работеше во Порто.

Со сето ова, „Специјалниот“ е најсериозен кандидат да го смени Тухел, а Португалецот со ова би добил шанса да дојде до трофеј и во Франција, со оглед на тоа дека веќе ги освојуваше титулите во Португалија, Англија, Италија и Шпанија

loading...