Еден од најинтригантните холивудски бракови е помеѓу актерот Џорџ Клуни и Амал Клуни.
Парот кој својата приватност и семејниот живот ги чува далеку од очите на јавноста – се разведува, а сето тоа е последица на пандемијата на коронавирусот и животот во изолација.
„Џорџ не е навикнат некој да му наредува и не го поднесува тоа, а Амал почна да се гуши од целиот однос и никако не ѝ се допаѓа постојано да чисти за него“, рекол изворот за „Micky“ и додал дека двајцата се спремни за развод на бракот, тежок 500 милиони долари.
Животот во изолација бил пресуден за славниот пар, кој во брак ги добил 2-годишните близнаци Ела и Александра.
Сепак, официјална потврда сè уште нема, а со оглед на тоа дека за нивниот развод се пишуваше во неколку наврати, и оваа информација додека не стане официјална, треба да се земе со резерва, пренесуваат странските медиуми.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















