Ако сакате да имате повеќе пари: Направете ги овие пет промени во куќата

583

Фенг шуи е древна кинеска вештина според која некои работи во животот можете да ги унапредите или уназадите зависно од распоредот во куќата.

Ако сакате да си ја подобрите финансиската состојба направете ги овие измени.

Вода

Сите цевки кои ќе ви „протечат“ се знак дека парите ви „протекуваат“ низ раце, вели консултантката за фенг шуи, Карен Раух. За да си ги подобрите финансиите вели дека сите вакви цевки мора да се поправат, но и да се промени водата во вазните за цвеќе. Во спалната вели дека не треба да има уметнички слики на кои е прикажана вода. Не поставувајте огледала на места повисоко од вашиот нос.

Внесете повеќе билки

За да просперирате во животот, вашиот простор мора да биде жив и без неред. Ова го вели Лаура Бенко, која исто така е фенг шуи стручњак. Нередот пречи на слободниот проток на енергија. Животната сила можете да ја засилите со билки и цвеќе, но и редовно проветрување. Фонтаните се симбол на пари, па затоа размислете за некои нови украси.

Декорирајте со боите на богатство

Боите влијаат на вашето расположение. Црвената се смета за многу моќна боја. Ако сакате да привлечете пари, декорирајте со црвено, зелено и виолетово.

Чиста кујна

Вашата кујна е поврзана со можноста да привлечете пари. Ова го тврди Сузане Мецгер, која е фенг шуи консултант. Потрудете се да ви биде беспрекорно чисто.

Ослободете се од старите предмети

За да заработите пари, мора да се ослободите од старите работи. Сигурно во некоја кутија чувате стари далечински управувачки, облека и предмети кои веќе не служат на никого. Ако нешто не користите, значи не ви е важно, ниту ви е потребно.