Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција ги истакна лошите услови на психијатриските установи во државата.
Зибери ги изнесе податоците од Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за ризиците од тортура во сместувачките капацитети на лицата кои се задржуваат или се лишени од слобода и тоа како што рече на денот за поддршка на лицата против тортура.
„По ненајавените посети на надлежните иако се прават скромни напори за подобрување на состојбите, сепак во поголем дел заложбите на властите за борба против тортура се повеќе декларативни отколку реални“, ова како што спомена Зибери е нотирано и од страна на меѓународните мисии.
Минатата година во фокусот биле психијатриските болници поточно нивните судски одделенија.
Лошата состојба, ненавременото примање на терапијата, недостигот од соодветен кадар посебно во ноќните часови се дел од проблемите со кои се соочуваат Психијатриската болница во Скопје и во Демир Хисар.
„Персоналот не може да воспостави ред, конфликтите меѓу пациентите се многу чести, забележани се физички напади меѓу пациентите, ситуацијата е алармантна. Нотирани се чести бегства од неклоку дена до неколку месеци а тоа е пред се поради лошите услови во инстуитуциите, слабиот менаџмент и недостигоот на соодветен кадар“, нагласи Зибери.
Слична е состојбата како што нагласи и во болницата во Демир Хисар.
„Целиот објект е во крајно лоша состојба , хигиената е на лошо ниво, потребни се итни мерки за целосно реновирање“, рече Зибери.
Тој истакна дека при посетите биле забележани кожени ремени, метални синџири со катанци, кабли за кои укажа дека се забранети и изрази надеж, дека истите не се употребуваат врз пациентите.
„При посетата на едно од работните одделенија на персоналот беа пронајдени кожени ремени за фиксација за кои што ни беше истакнато дека не се користат. Беа пронајдени и метални синџири со катанче, во друга просторија беше забележн цврст кабел, за што вработените немаа одговор зошто е таму, ниту која му е намената. Имајќи предвид дека ваквите средства можат да послужат за заплашување, малтретирање или друго несоодветно постапување со пациентите, Народниот правобранител посебно ја нагласува забраната за чување и користење на метални синџири на одделенијата и воопшто во болниците“, вели Зибери.
Според него и двете болници имаат сериозни недостатоци и препорача, надлежните, посебно Министерството за здравство да преземе соодветни мерки.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



