Сите го знаеме знакот на женскиот тоалет со силуета на жена на него, но дали знаевте дека овој знак никогаш не ни претставувал фустан? Еве за што се работи.
Компанија од Аризона, како дел од кампањата која има за цел да ги изедначи мажите и жените во одредени традиционално машки професии, дошла до идеја за нов женски знак за тоалет низ светот, со нов дизајн.
Тања Катан тврди дека триаголникот што претставувал фустан на знакот за женски тоалет, никогаш не бил наменет да претставува фустан.
Во новиот знак, фустанот го претвориле во наметка, па порачуваат дека жените можат да бидат суперхерои.

„Во науката, технологијата, уметноста, математиката, политиката, на улиците и во нашите домови, жените често се невидливи, непоканети или едноставно заобиколени. Девојките и жените заинтересирани за наука, технологија, механика и математика се малцинство“, велат од компанијата.
Целта на кампањата „Никогаш не ни беше фустан“ е да започне разговори за прифаќањето на жените во која било професија. Не се работи само за еднаквост на жените, туку и за пополнување на големиот недостаток на работни места во многу професии.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


