Цените на гасот во Европа оваа недела паднаа на ниво од пред руската инвазија на Украина. Фјучерсите за природен гас на холандскиот центар ТТФ и референтните договори во Европа последната недела се на најниска вредност од февруари, и се движат околу 77 евра за мегават час.
Цените на гасот својот врв го достигнаа во август, кога надминаа 345 евра/MWh, поради руското ограничување на извозот до остатокот од континентот како одговор на казнените санкции на ЕУ и високите летни температури, кои ја зголемиja побарувачката во услови на ограничена понудата.
Неделава пад е забележан и кај цените на нафтата на светските берзи поради загриженоста од зголемениот број случаи на Ковид-19 во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. Во текот на вчерашното тргување нафтата од типот Брент се продаваше за 0,8 проценти поевтино во споредба со претходниот ден и изнесуваше 83,65 долари за барел. Американската сурова нафта падна за 46 центи, или 0,6%, на 79,07 долари за барел.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















