Петнаесет лица се хоспитализирани во Ниш, меѓу кои три деца, откако воз со амонијак излета од шините кај Пирот. Осум од нив се примени во болница со симптоми на труење. Градоначалникот на Пирот прогласи вонредна состојба, а училиштата во градот денеска ќе останат затворени, јавуваат српските медиуми.
„До несреќата дошло по излизгување на вагон и во таа прилика дошло до истекување на амонијак и ослободување на голема концентрација во воздухот“, соопшти министерството за внатрешни работи на Србија.
Вкупно 51 лице се пожалиле на симптоми со труење во болницата во Пирот.
По несреќата се огласи и транспортната компанија „Србија Карго“, која соопшти дека станува збор за нивни товарен воз кој секојдневно превезува суровини од Бугарија до Прахово и Шабац. Од „Србија Карго“, како што јави РТС, во своето соопштение наведуваат дека нема жртви и повредени.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












