Коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ракетата што падна врз Полска не е украинска – не се доказ, вели американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Тоа не е доказ“, им рекол Бајден на новинарите во Белата куќа по враќањето од самитот Г20 на Бали во Индонезија.
Во вторникот, на 15 ноември, проектил падна во селото Пржеводов во источна Полска, во близина на границата со Украина. Во инцидентот загинаа две лица, а Зеленски ја обвини Русија за тоа и го повика Западот „да направи нешто“.

Сепак, полскиот претседател Анджеј Дуда вчера изјави дека, според проценката на полските власти, станува збор за проектил на украинскиот систем за противвоздушна одбрана. Стејт департментот објави дека администрацијата на Бајден има доверба во оценката на Варшава.
Министерството за надворешни работи на Русија ги осуди изјавите од Киев за инцидентот како провокација, а Министерството за одбрана соопшти дека станува збор за проектил истрелан од украинскиот ракетен систем С-300.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















