Како што јавува МИА од Софија, Радев повторно, во период од 10 дена, изјави јасно и прецизно дека Македонците се Бугари и бара да прекине „систематската дебугаризација што се води со децении“. МНР се уште молчи.
За време на дебатата со независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, ја повтори скандалозната и иредентистичка изјава , со која ги навреди Македонците ширум светот со изјавата дека треба „да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ“