Шест лица се повредени, меѓу кои двегодишно девојче, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне околу 16 часот на обиколницата на град Скопје, во близина на клучката Стајковци.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(70) од Скопје и патничко возило „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(43) од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил Д.Т. кој бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, а со телесни повреди неговите сопатници Љ.М.(67) и С.С.(73), од Скопје, на кои им е укажана лекарска помош комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „Сузуки“, сопатникот К.Т.(38) и двегодишно девојче од Скопје. Тие биле пренесени во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
Во извлекувањето на повредените од возилата учествувала екипа на Противпожарната бригада на град Скопје со едно возило и четворица пожарницари. Извлекувањето траело од 16 до 16:50 часот.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















