„Lada Niva“, како еден од најдолготрајните, но и најкорисни SUV возила, стекна светска слава, а и некои други „Lada“ модели се на добар пат.
Во Јапонија се многу наклонети кон „Niva Travel“, кој неодамна беше понуден на пазарот.
Меѓутоа, за разлика од верзиите на рускиот пазар, тие се многу подобро опремени, а со тоа и цената е повисока. „Lada Niva Travel Luke Offroad“ започнува од 3.480.000 јени, што е околу 27.000 евра или неверојатни 132 отсто повеќе од цената на рускиот пазар.

За потсетување, ова е редизајн на „Chevrolet Niva“, модел претставен во 1998 година. Механиката е идентична со „Lada Niva“, што значи 1.7-литарски бензинец со 80 коњски сили, петстепен рачен менувач и погон на сите тркала со редукција и блокада на диференцијалот.
Стандардната опрема вклучува клима уред, систем со камера за возење во рикверц, електрификација, грејачи на седиштата, 16-инчни алуминиумски бандажи…
Продавачот кој ја носи „Lada Niva“ од Русија исто така го нуди и моделот „Lada Vesta Sport“. Цената на спортскиот автомобил е 3.780.000 јени, или околу 29.300 евра, што е за 105 отсто повеќе отколку на домашниот пазар.







![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



