Независниот синдикат на пожарникарите при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информираше дека до нив секојдневно пристигнуваат дојави за прекршување на правата од работен однос во услови кога пожарникарите се борат со гаснење на пожарите низ државата.
– Додека во овие моменти се очекува, а од страна на нашите колеги професионални пожарникари се добива максимално залагање во гаснењето на пожарите и справување со оваа тешка ситуација во која се наоѓа Републиката, дотолку не се покажува од лидерствата на оние кои треба да се грижат за добробитта на секој пожарникар, грижа за неговата/нејзината спремност за делување, за квалитетна работна облека и услови за работа, како и соодветна исплата на со чесен труд заработените парични средства како што им следуваат по закон, велат од Синдикатот.
Како пример го посочуваат градоначалникот на Ранковце кој, како што велат, се уште ја држи забраната за работа во трета смена на пожарникарите поради што некои од нив мора да работат и по 40 часа непрекинато.
– За да бидат заштедени парични средства, Општината Ранковце немала дежурни пожарникари во третата смена, па нашите колеги од таа општина на свое лично залагање, некои и по 40 часови непрекинато се борат со страшните пожари на локалното подрачје, иако исплатата на нивниот труд, на овој начин е доведена во прашање, соопштуваат од Синдикатот.
Слични делувања, како што наведуваат, се случуваат и на други места низ државата.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













