Во просториите на Општина Карпош вчера се случувала вистинска драма поради љубовен триаголник, која завршила со обиди за физичка пресметка и напад со остар предмет.
Денеска градоначалникот Богоев соопшти дека не се работи за советници од Советот на Општина Карпош. Вработените веднаш добиле отказ поради своето однесување.
-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот – соопштија вчера од МВР.
Градоначалникот Стефан Богоев, за Фокус изјави:
-Станува збор за лица времено вработени во општинската администрација, не се советници. Вработената е во одделение за поддршка на Советот, па можеби затоа некој помислил дека се работи за советници од општината – раскажува градоначалникот.
Додава дека и на двајцата вработени, вклучени во настанот, веднаш им се прекинати договорите.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















