Вознемирувачката снимка од несекојдневен инцидент на Дунав е објавена на социјалните мрежи.
На снимката, која според неофицијалните информации е забележана на два километри од Текија во Србија, се гледа глисер кој со голема брзина минал преку каја во кој се наоѓале четири млади веслачи.
Вознемирувачкото видео можете да го видите ТУКА.

Инцидентот се случил на 13-ти јули во претпладневните часови.
“На романскиот дел од пловниот пат на Дунав, два километри низводно од Текија, дошло до инцидент во кој глисер минал преку четричлена кајакарска екипа. На кајакот имало јуниори кои за среќа се здобиле само со полесни телесни повреди, додека кајакот е целосно уништен”, пишува во коментарот под снимката.
На веслачите на помош веднаш им дошол екипажот од бродот од кој била снимен несекојдневниот настан.











![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













