Антикорупциска бара градоначалникот Мерко да одговара кривично

500

За финасиското работење и нелегална продажба на објекти, Обвинителството за организиран криминал отвори предистраги против струшкиот градоначалник Мерко. Антикорупциската комисија бара да одговара кривично. За Мерко ова се шпекулации. Запрена постапката за Нефи Усеини за акумулација на функции откако го напушти советничкото место на ДУИ во советот на Општина Охрид.

Сомнителни јавни набавки, нерационални трошењa и набавки на возила. Антикорупционерите бараат струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да одговара кривично поради малверзации потрврдени во нивната истрага и од државните ревозиори како и одговорност од претседателот на Кривичниот суд во Струга. Антикорупциска поднесе иницијатива која од скопското преку струшкото обвинителство заврши во Обвинителството за организиран криминал.

Во Обвинителството се води уште една предистрага за нелегална продажба на објекти. За Мерко има и трет предмет кој го работи струшкото обвинителство.

ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ: „ПРЕДМЕТОТ ЗА ЈАВНАТА НАБАВКА НА ОПШТИНА СТРУГА НА 3 АВТОМОБИЛИ И ЕДЕН ЛУКСУЗЕН АВТОМОБИЛ МАРКА „АУДИ А6“, ОТВОРЕН ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ПОДНЕСЕНА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ВО 2019 ГОДИНА Е ВО ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА И СЕ ЧЕКААТ НАОДИТЕ ОД ВЕШТАЧЕЊЕТО ЗА ДА СЕ ДОНЕСЕ ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА ОДЛУКА ЗА НАТАМОШНИОТ ТЕК НА ПОСТАПКАТА. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ДРУГИОТ ПРЕДМЕТ ИСТИОТ Е ЗА БЕСПРАВНА ПРОДАЖБА НА ОБЈЕКТ И ИСТО ТАКА Е  ВО ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА. “, ИНФОРМИРААТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Градоначалникот Мерко не сакаше да даде изјава околу наводите на Антикорупциска и Обвинителство, ги отфрли како шпекулации и повтори дека е мета поради претстојните локални избори.

На денешната седница Антикорупционерите ја запреа постапката против Нефи Усеини кој извесно време беше советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ, член на Управен одбор но и сопственик на фирми кои добиваа општински тендери, дивгорадби и плацеви во заштитената зона. Антикорупционерите отворија постапка за акумулација на функции но во меѓувреме Усеини се повлече од советничкото место.