За време на празникот за независноста на Мадагаскар, 26-ти јуни, жандармеријата веќе објавила дека спречила обид за убиство на државниот секретар задолжен за жандармеријата, генералот Ричард Раваломнана, десна рака на претседателот на земјата.
Обвинителството на Мадагаскар објавило дека бил спречен обид за атентат на претседателот на републиката, Андри Рајолеина, и дека биле уапсени повеќе лица од дома и странство.
Меѓу уапсените во таа островска држава кај источниот брег на Африка има двајца француски државјани, дознава агенцијата “France Presse” од дипломатски извори.

“Повеќе странски државјани и државјани на Мадагаскар се приведени во вторникот во рамките на истрагата за нарушување на безбедноста на државата”, им рекла вчера на новинарите државната обвинителка Бертин Разафијаривони.
“Според материјалните докази со кои располагаме, тие поединци ковале план за елиминација и неутрализирање на разни личности од Мадагаскар, меѓу кои и шефот на државата”, рекла обвинителката.
Таа рекла дека оваа фаза на истрагата продолжува и дала уверување дека аферата ќе биде целосно расветлена.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











