Властите во Тексас одобрија предлог-закон со кој на луѓето од 21 година и повеќе им се дозволува да носат пиштоли без дозвола, или придружна проверка и обука.
Откако ќе биде потпишан законот, Тексас ќе биде 19-та држава во САД што дозволува носење оружје без дозвола.Сегашниот државен закон им дозволува на жителите од 21 година или повеќе да носат пиштол само по завршувањето на потребната обука и проверка на кривична позадина за да добијат дозвола за носење.
Предлог-законот сега се упатува кон бирото на гувернерот Грег Абот за потпишување, што тој посочи дека тоа и ќе го стори. Тексас веќе има некои од најслабите ограничувања за оружје во САД. Ова ќе се дозволи се додека сопственикот „не е кривично гонет или има некоја друга законска забрана“, иако не е јасно како ова ќе се утврди без проверки.
Групите за контрола на оружје се спротивставија на мерката, посочувајќи ја историјата на масовните пукања во Тексас, јавија американски медиуми.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















