Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел, изјави Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија.
Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел, по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, требаше да се одржи и заеднички трилатерален состанок на Вучиќ, Могеини и косовскиот претседател Хашим Тачи.
Тој додаде дека „нема ни најмалку услови да продолжи дијалогот во Брисел“.
Според него, Вучиќ одлучил да го стори тоа поради „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.
Ѓуриќ нагласи дека Белград сака да го зачува мирот, но не може да прифати закани и да се забрани посетата на претседателот на Србија на Косово.
Тој исто така истајкна дека беа направени несоодветни обиди да се прикријат разговорите и обидите на (Хашим Тачи) Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат прикажани како дел од територијата на Косово.
– Единствената територија за која треба да се разговара е територијата на Косово, додаде Ѓуриќ.
Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија изјави дека во тимот на претседателот поделени се мислењата дали Вучиќ треба да оди во посета на Косово.
– Ако оди сигурно ќе го посети езерото Газивода, нагласи Ѓуриќ



![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)













![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










