На иницијатива на Здружението на фудбалски ветерани на ФК Охрид, каде членови се дваесеттина првотимци од сите генерации на клубот, викендов во Охрид ќе гостуваат легендите на Црвена Звезда, предводени од Владимир Петровиќ-Пижон и Драган Џајиќ.
Преку 40 ветерани на најтрофејниот фудбалски клуб во поранешна Југославија ќе го посетат градот покрај езерото, а в сабота, на теренот со вештачка трева при Спортскиот центар „Билјанини извори“ со почеток од 18:00 часот, ќе одиграат пријателска средба со ветераните на Охрид.
Предводници на Црвена Звезда ќе бидат легендарните Владимир Петровиќ-Пижон, Драган Џајиќ, Бошко Ѓуровски, како и Милош Шестиќ, Станислав Караси, Јован Аќимовиќ, Здравко Боровница, Ненад Милосављевиќ, Милан Бурсач и многу други.
Во Охрид меѓу некогашната фудбалска елита ќе биде и легендата на македонскиот фудбал, некогашниот југословенски репрезентативец Кирил Дојчиновски.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















