Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по вчерашниот триумф во првото голо од Лигата на нациите против Гибралтар со 2:0 изјави дека целта е остварена и дека го постигнале тоа за кое дошле.
– Наша цел беа трите бода во што и успеавме. Сакавме што поскоро да дадеме гол и да го потврдиме со уште еден, па потоа да довршиме рутински, и да ги сочуваме силите за мечот со Ерменија, изјави Ангеловски.
Во однос на замената на Пандев на полувреме, тој посочи го направил тоа затоа што сака да биде свеж за мечот со Ерменија, кој се игра по три дена во Скопје.
– Тој е многу важен фудбалер за нас, во неделата одигра цел меч за Џенова, па го повлеков од игра за да го сочувам свеж за пресметката со Ерменија, изјави тренерот на „црвено-жолтите“.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















