Полицијата ноќеска околку 1.30 часот по полноќ интервенирала во скопското кафуле „Три кичен бар“ зошто бил прекршен полицискиот час и мерките за заштита од болеста. Од вчера, полицискиот час е скусен и започнува во 23 часот, а кафеаните мора да затвораат во 22.30.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека за непочитување на протоколите биле приведени 7 лица.
„На 06.05.2021 во 01.30 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на улица 50 Дивизија во Скопје. Притоа, во објектот биле затекнати седум лица, меѓу кои и Х.Џ.(43) од Скопје, одговорно лице во објектот. Утврдено е дека објектот работи по дозволеното време односно не се почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита од болеста. Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од Министерството за внатрешни работи.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











