Игор и Илина прославија една година врска: „Лани на овој ден, Илина се заврте кон мене и ми кажа: А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“

656

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова уживаат во својата љубов и буквално се неразделни.

Ниту двајцата не ја кријат својата среќа и често објавуваат заеднички фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а фановите во коментари им посочуваат дека тие се совршени еден за друг.

Сега парот има огромна причина за славење бидејќи нивната романтична врска започна на 3-ти мај минатата година.

По тој повод, Џамбазов објави фотографија од него и Илина и откри дел од почетокот на нивната романса:

„Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: “А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од “Ланусот” и…ја гушнав. Гушката се уште трае…“, гласи романтичната порака која Игор ја напишал под објавата, по која следеа низа честитки.