(Вознемирувачки фотографии): Обесиле куче на дрво во Демир Капија

588

На Фејсбук профилот “Шепасти ентузијасти” денеска се појавија вознемирувачки фотографии од Демир Капија.

Според тоа што може да се види, луѓе во Демир Капија обесиле куче на дрво и го оставиле да виси.

“Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај. Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова? Па дали сте вие нормални? Дали вие имате емпатија? Дали вие воопшто имате чувства”, пишува во објавата на страницата.

“Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества”, се додава во објавата.

Од организацијата велат дека случајот ќе го пријават во Министерството за внатрешни работи и во АХВ, а граѓаните не запираат со коментари за осуда на случајот.