Двете сестри од Еквадор кои беа снимени од страна на надзорните камери додека криумчари ги фрлаа преку ѕидот на американско-мексиканската граница конечно се со своите родители.
Јарели и Јасмина во саботата конечно им биле вратени на родителите. На снимката која ја објави Американската царина и заштита на границите “CBP” може да се види како криумчарите на 30-ти март ги фрлаат девојчињата од ѕидот висок четири метри во Ново Мексико.
Граничната патрола откако го забележала тоа, веднаш испратила агенти на оддалеченото место, а децата биле спасени.
Од еквадорската амбасада во Чикаго потврдија дека девојчињата биле притвор во “CPB” 13 дена. На 13-ти април биле префрлени во канцеларијата при одделението за здравство и човечки услуги во Чикаго, а потоа вратени на родителите.
Како што соопштија од Владата на Еквадор, децата биле споени со родителите во Њујорк. Нивните родители живееле на подрачјето на Њујорк откако пред неколку години мигрирале во САД. Не е познато дали за децата било поднесено барање за азил, или пак дали нивните родители се легални жители на САД.
Бабата на девојчињата изјавила дека нивната мајка била нервозна поради одвоеноста од децата, па поради тоа ангажирале криумчари да ги префрлат преку американско-мексиканската граница.
Двете девојчиња го напуштиле Еквадор на 27-ми март, а три дена подоцна двајца криумчари беа фатени како ги фрлаат двете деца преку граничната ограда.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











