Драги Рашковски попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари. Тој се наоѓа во приемното одделение и според протоколите за заштита од Ковид-19 10 дена ќе биде сам во ќелија.
„Примен е Рашковски кај нас, во приемното одделение и ќе остане 10 дена во изолација како и сите новодојдени“, вели Филип Андов, директорот на истражниот затвор „Шутка“ за „ТВ21“.
Ова следува откако Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определи 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчев, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.
Рашковски и Станчев се двајца од вкупно четворицата осомничени за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од Генералниот секретаријат на Владата.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















