Барселона е меѓу 12-те клуба кои го организираат новото натпреварување, Суперлига, што предизвика жестоки реакции во фудбалскиот свет. Суперлигата го најде и главниот финансиер. Американска инвестициска банка им вети на сите клубови основачи дека ќе добијат 350 милиони, а комплетниот проект вреди 3,5 милијарди евра.
Жоан Лапорта го даде и својот прв коментар за формирањето на Суперлигата. Претседателот на Барселона рече дека во основа сè е прашање на пари.
„Сето тоа е прашање на пари. Беше потребно да се размисли што е фудбал, што значи тој и што е основа и која е суштината на овој спорт. Треба да размислиме за други алтернативи”, рече Лапорта.
Претседателот на Барса не застана тука и веќе размислува за реализирање на Супер Светско првенство, слично на турнирот за национални тимови.
„Суперлигата е опција, но има и други решенија, како што е Супер Светското првенство. Јас сум повеќе за тоа натпреварување отколку за Суперлигата”, рече тој.
Во секој случај, утрово Барселона на својата официјална веб-страница потврди дека е еден од основачите на Суперлигата, која ќе ја сочинуваат вкупно 20 клуба.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























