Утрово во 5 часот, во претрес на ќелиите во затворот Идризово, кај осудените од Диво Насеље се најдени мобилни телефони и други недозволени средства.
Од управата за “MIA” изјавиле дека по наредба на судот и со помош од полицијата, утрово во казненопоправниот дом Идризово е извршен претрес на неколку ќелии. Притоа биле откриени и одземени повеќе премети.
Акцијата минала без никакви инциденти.




































