„Повеќе не изгледа како Мег Рајан во која се заљубивме“: Јавноста разочарана од изгледот на актерката по бројните операции

1419

Желбата да изгледа засекогаш млада очигледно скапо ја чинела…

Кариерата на Мег Рајан нагло „експлодирала“ благодарени на филмовите “French Kiss”, “Kate & Leopold”, “You’ve Got Mail”.

Актерката наеднаш исчезнала затоа што знаела колку Холивуд е суров кон жените во одредена доба од животот, па одлучила да се подмлади. Сепак, желбата засекогаш да остане млада скапо ја чинела.

Мег Рајан кон средината и крајот на 90-тите години на минатиот век била миленичка на публиката.

Симпатичната русокоса со брановидна кратка коса, која што ја сакала речиси секоја девојка секогаш знаела како да предизвика насмевка кај публиката и како да го украде секој филмски кадар кога ќе се најде во истиот.

Режисерите и сценаристите ја обожувале, но понудите престанале да доаѓаат по филмот “Kate & Leopold” кој што бил снимен во 2001 година.

Причината не била поради лошата глума, туку поради непрепознатливото лице кое што никој повеќе не сакал да го ангажира.

„Тоа е премногу. Беше шок за луѓето и таа повеќе не изгледа како Мег Рајан во која што бевме заљубени“, изјавил во една прилика Џејмс Манголд, режисер на филмот “Kate & Leopold”.