Наједноставното тесто за пица, речиси без месење и толку меко што се разлекува со раце. Ова тесто може да го направи секој почетинк и да го развлече без сукало како вистински мајстор!
СОСТОЈКИ: 500 гр брашно 250 мл вода 70 мл масло 15 гр квасец (3-4 гр сув) 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте. Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица. Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте. Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е потребно долго месење бидејќи тестото ќе биде добро изработено со лажица. Додајте го остатокот од маслото и оставете да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо. Работната маса посипете ја со брашно и лесно премесете го тестото.
Од оваа мера има тесто за две големи округли тепсии. Тестото е меко и може да се развлече со раце. Филувајте го по желба и печете на најјака температура. Добар апетит!



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)





















