Зоран Ангеловски ќе биде новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). Неговото име се очекува официјално да биде обелоденето попладнево на седница на Комисијата за избори и именувања. Дека политичките партии во Собранието постигнале консензус Ангеловски да биде избран меѓу 14 кандидати за оваа функција, потврди и премиерот Зоран Заев.
„Им дадов само задача на пратеничката група бидејќи правеа консултации со мене да изнајдат професионално и експертско решение. Ме информираа дека е најдено решението. Ниту се интересирам, ниту ми треба да знам. Зошто? Затоа тоа е првиот исчекор дека сме научиле нешто од минатото“, рече Заев.
Оперативно-техничката агенција, која ќе биде медијатор во прислушувањето меѓу операторите и корисниците се очекува да почне со работа од ноември 2018 година. Во ОТА треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, со која досега располагаше Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











