Интер понудил огромни 260 милиони евра во 2008 година за Лионел Меси, но Барселона не попуштила и се чини донесе вистинска одлука.
Ова го тврди Жоан Лапорта, кој неодамна се врати на претседателската функција во каталонскиот клуб. Неговиот прв мандат беше од 2003 до 2010 година, кога се случиле овие преговори со италијанскиот клуб.
Наводно, „неразурите“ биле подготвени да платат богатство за аргентинскиог фудбалер, кој таа сезона ѝ помогна на Барса да се израдува на титулата во Лигата на шампионите.
Во тие моменти најскап фудбалер на сите времиња беше Зинедин Зидан. Французинот заврши во Реал Мадрид кој за него плати 54 милиони евра.
Меси остана на „Камп Ноу“ и до денес успеа да освои уште два трофеи во Лигата на шампиони, осум во Примера и шест „Златни топки“, во период кога доминираше со светскиот фудбал.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















