(Фото) Регионот воодушевен од Македонија: Неверојатните Македонци ја урнаа Германија

1127

Горан Пандев во најавата за мечот со Германија нагласи дека во фудбалот се случуваат чуда, а токму нешто слично се случи вчеравечер во Дуизбург каде тој како капитен и сите останати соиграчи направи сензација од огромни размери.

Цела светска спортска јавност пишува за шокот кој го приредија избраниците на Игор Ангеловски на гостувањето кај четирикратниот светски првак, но ако дел од европските медиуми пишуваат и со резерва, оние од регионот не го кријат воодушевувањето од новиот историски подвиг на нашите фудбалски херои.

По историскиот пласман на Европското првенство, Македонија вчера оствари историска победа против моќната Германија, а насловите кои пристигнуваат од регионот од земји како Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна секако му даваат дополнителна тежина на овој огромен успех.

– Сензација во Дуизбург: Македонците им одржаа лекција на Германците, – пишува телевизијата „Спортклуб“ која го пренесуваше натпреварот, а во веста се потенцира дека победата можеше да биде и поубедлива ако се земе во предвид дека не ни беше досуден чист пенал.

– Македонско чудо во Дуизбург: Германците поразени после 20 години

– Македонците со тики-така ја урнаа Германија

– Македонија сензационално победи над Германија, Адеми асистираше за победничкиот гол

– Неверојатните Македонци ја урнаа Германија во Дуизбург