Милијардерот Бренсон го претстави најновиот вселенски брод VSS Imagine

588

Англискиот милијардер Ричард Бренсон го претстави најновиот вселенски брод на неговата компанија Virgin Galactic под назив VSS Imagine.

Флотата на Virgin Galactic е проширена откако го доби и третото летало. VSS Imagine е дел од третата генерација на вселенски бродови кои ја претставуваат основата за дизајнирање и производство на идните летала.

VSS Imagine е дизајниран да ја рефлектира околината со цел да ја менува бојата и изгледот додека патува од Земјата кон вселената. Од Virgin Galactic соопштија дека третата генерација на вселенски бродови пристигнуваат со подобрени перформанси.

Додека овој вселенски брод ќе биде тестиран на тлото, Virgin Galactic ќе работи на производството на уште едно летало од трета генерација наречено VSS Inspire.

Целта на компанијата Virgin Galactic се 400 летови на годишно ниво.