Aлбанската авиокомпанија „Албавингс“ организираше два чартер лета од Тирана до Белград со патници кои се пријавиле за вакцинација против коронавирус во Србија. Оваа можност ја искористија и вработените во авиокомпанијата, пишува „Блиц“.
Гостите од Албанија вчера ги пречека заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
За бесплатната вакцина против Ковид-19, која Србија им ја обезбеди на странците, постои голем интерес.
Условите се исти како и за државјанитена Србија, а покрај личната карта и пасошот, на странските државјани не им е потребна дополнителна документација.

Вчера пред белградскиот саем имаше колони луѓе кои чекаа ред за да примат вакцина во Србија. Стари, млади, дојдени од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, а и граѓани од Србија чекаа во редот долг стотици метри, пред двете хали од саемот.
Вакцинацијата продолжува и денеска.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















