Времето денес е сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, поизразен во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. T= 18 °C, P= 994 hPa, U= 40 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Од утре не очекува променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.
До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.