Министерството за труд и социјална политика соопшти дека најостро ја демантира изјавата на Сојузот на синдикатите на Македонија, во која тврди дека усогласувањето на минималната плата ќе се одложи за наредната година.
Oд МТСП додаваат дека усогласувањето на минималната плата ќе се направи во согласност со Законот за минималната плата и предвидените критериуми најдоцна до оваа среда, 31 март 2021 година. За таа цел, наредната недела ќе се одржи и седница на Економско-социјалниот совет.
Министерката Јагода Шахпаска за ниту еден медиум и во ниту една пригода не дала изјава дека ќе биде одложено усогласувањето на минималната плата. Тоа е законска обврска, која целосно ќе биде спроведена.
Во однос на примената на измените на Законот за работните односи во делот на недела неработен ден, ставот на Владата е дека законските измени ќе почнат да се применуваат по завршувањето на здравствената и економската криза.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



