Еве како да се пријавите за вакцинација во Србија?

1166

Процесот за пријавување за вакцинација во Србија е многу едноставен.

Го потполнувате третото поле за странски државјани кои не живеат во Србија. Потоа внесувате име и презиме како и број на пасош. Но, кај телефонски број, мора да оставите српски број, бидејќи македонскиот број системот не го препознава и не ја прифаќа апликацијата.

Може да оставите телефонски број од кој било број од некој ваш познаник, пријател, роднина од Србија. Тоа е чиста формалност бидејќи, истата содржина која ќе биде испратена на тој СМС број, се испраќа и на вашиот меил кој исто така се бара да се остави.

Содржините стигаат во исто време.

Линк на кој може да се пријавите за вакцинација во Србија, ОВДЕ.