Снегот почна да прави проблеми, 3 лавини кај Бигорскиот Манастир, едно лице повредено

988

Во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир вечерва се паднати три лавини, информираше градоначалникотна општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

-Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините, изјави Куртовски.

Поради лавините сообраќајот е во прекин.

Местото каде се паднати лавините е познато по вакви појави.

Попладнево поширокиот дебарски регион, општините Дебар Центар Жупа и Маврово и ростуше беа зафатени со обилни снежни врнежи.