Откако постигна гол за победа на Милан против Рома (2:1), фудбалерот на „Росонерите“, Патрик Кутроне, истакна дека сака да му создаде проблеми на тренерот Гатузо, но во разбирлива конотација.
Росонерите ја забележаа својата прва победа во новата сезона, добивајки ја римската волчица со 2:1, а Кутроне беше еден од хероите на „црвено-црните“.
Кутроне стави јасно до знаење дека не сака да биде резерва, но дека ќе стори се за да го побие мислењето на Џенаро Гатузо за себе и да се обиде да добива поголема минутажа.
„Победивме, што друго можев да побарам на почетокот од новата сезона. Секогаш сум зборувал дека не сакам да бидам на клупа, сакам да играм што повеќе. Пред себе имам страшна конкуренција, Гонзало Игуаин е фантастичен, но јас ќе сторам се за да му создадам маки и проблеми на тренерот Гатузо при изборот во прв тим. Ќе се обидувам секогаш да му помагам на тимот да победува“, нагласи Кутроне.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















