Се запознале кога тој имал 16 години, а таа 21 – неколку години подоцна љубовта пламнала.
Актерот Курт Расел во текот на својата долгогодишна кариера често завршувал на листата на најсексапилните мажи на светот, а денес ја има титулата „миленик на жените“.
Расел во март ќе го прослави својот 70-ти роденден, а иако по него жените и понатаму лудуваат, тој веќе 38 години ѝ е верен само на една жена – актерката Голди Хон (75).

Курт, чиј татко исто така бил славен актер – Бинг Расел, кариерата ја започнал како детски актер, па во 70-тите се појавил во многубројни филмови, вклучувајќи го и тој со Елвис Присли од 1963 година.

Интересно е тоа што 16 години подоцна ја толкувал улогата на Елвис во истоимена мини серија за што беше номиниран и за наградата Еми. Истата таа 1979 година се венчал со актерката Сизон, со која што во брак бил четири години, а заедно го добиле синот Бостон.

Голди ја запознал на снимање на филм во 1967 година. Тогаш таа имала 21 , а тој само 16 години. Кога повторно се сретнале на сетот на романтичната драма „Swing Shift“ – 15 години подоцна, им се случила вистинска љубов која што трае до денес.
Иако се заедно речиси 40 години, Курт и Голди никогаш не се венчале.

„Ми се допаѓа да бидам девојката на Курт. Среќни сме“, изјавила Голди во едно интервју.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















