Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, вчера ѝ порачала на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „да не создава немири на прв чекор“.
„Би сакале во оваа прилика да ја предупредиме новата американска администрација. Доколку сака да спие мирно наредните четири години, подобро е да се воздржи од создавање немири на секој чекор“, изјавила Јо само неколку часа откако Белата куќа изјави дека Северна Кореја засега не одговара на повиците за разговор.

Заеднички воени вежби
САД и Јужна Кореја моментално спроведуваат заеднички симуларни воени вежби, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министер за одбрана Лојд Остин слетале во тој регион за да се состанат со јапонските и јужнокорејските колеги, пренесува „CNN“.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, вчера за новинарите изјавила дека се обидувале да стапат во контакт со Северна Кореја, додавајќи дека имаат „многубројни канали по пат на кои што можат да испратат пораки“.

„Секогаш целта ни се дипломатските преговори и намалување на можноста на ескалација. Но, до нас не стигна никаков одговор“, изјавила Псаки.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















