Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил сподели слика, од дочекот што беше подготвен во негова чест, за време на неговата посета на Кралството Бахреин.
„Арапските специјалитети беа послужени на масата: јагнешко месо подготвено за 8 часа, месо од камила, хумус, табуле… сосема доволно за да се прослави последната ноќ под шатор, во пустината во Бахреин, како спомен за цел живот“, напиша Вучиќ во описот на фотографијата.
Покрај Бахреин, српскиот претседател Вучиќ ги посети и Арапските Емирати.