Една од најпосакуваните и најубави актерки според мислењето на многумина е Софија Вергара, а иако во јули полни 49 години, таа се гордее со својот изглед и во петтата деценија.
Вергара во последните неколку месеци се потсетува на своите изданија од претходните години и на следбениците на Инстаграм им докажува дека времето навистина ништо не ѝ може.
Сепак, Софија повторно предизвикала воодушевување кај своите фанови кога објавила фотографија во лежерно издание, без грам шминка. Актерката пиела кафе облечена во пижами, а во прегратки го држела своето куче.

Таа добила бројни комплименти на сметка на изгледот, а многумина заклучиле дека делува многу негувано.
За потсетување, Вергара ја започнала кариерата како модел на 17 години, кога ја забележал еден фотограф на плажа и набрзо потоа следела реклама за еден познат газиран пијалак… А останатото е историја.
Во текот на 90-те се прослави со разни ТВ проекти, воглавно на шпански јазик, а кон почетокот на 2000 година стигна и до Холивуд. Клучна за нејзината кариера е улогата на Глорија во „Modern Family“, чија последна епизода беше прикажана во април минатата година.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











