Бил Гејтс почна да дава интервјуа како на филмска лента. Основачот на Мајкрософт го изнесе својот став за екс претседателот на САД во новото интервју.
Бил Гејтс смета дека твитер и другите социјални мрежи треба да го пуштат Доналд Трамп на нивните платформи, и покрај тврдењата на поранешниот претседател за изборна кражба.
Мислам дека во одреден момент веројатно ќе му биде дозволено да се врати и веројатно треба да биде повторно активно присутен на социјални изјави Гејтс за CNBC.
JUST IN – Bill Gates says "Trump should probably be allowed back on social media," in an interview with CNBC. pic.twitter.com/j1OGPyzjRq
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) February 18, 2021
Гејтс сугерираше дека твитер може да ги обележи објавите на Трамп откако ќе го врати на платформата.
Чудно е кога ќе кажете дека изборите биле украдени без никакви факти и колку е тоа штетно, рече Гејтс.
Инаку, Доналд и Меланија Трамп беа видени заедно во јавноста на Денот на заљубените, првпат откако ја напуштија Белата куќа на 20 јануари.
Откако го напуштија Вашингтон на денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, парот се врати во имотот Мар-а-Лаго во Флорида.

Тие продолжија да живеат мирен живот, а Меланија дури ги избриша сите претходни објави на Инстаграм, пред да објави две објави на Денот заљубените, но во ниту една не го спомена сопругот Доналд.
Сепак, Доналд и Меланија го поминаа заедно празникот на 14 февруари, уживајќи во романтичен оброк во Мар-а-Лаго, според фотографиите објавени од еден корисник на Инстаграм.