“Турнирот е прекинат поради пукање. Заминувам и повеќе не се враќам. Имав среќа. Куршум ме погоди во палецот. Најлош ден во мојот живот”, напишал Дрини Џонг на Твитер.
“Никогаш повеќе ништо нема да земам здраво за готово. Животот може да заврши во секунда”, додал овој играч.
Во пукањето кое се случило на турнирот за видео-игри во Џексонвил на Флорида, во познатиот трговски центар убиени биле најмалку 4 лица, а 10 биле ранети.
До пукањето дошло во GLHF Game Bar, каде се одигрувал турнир во “Maden 19”. Еден од играчите на турнирот, Џонг Дрини, бил ранет во раката па изнесен на безбедно, соопштиле организаторите на турнирот.
Од канцеларијата на шерифот било потврдено дека има повеќе жртви и дека напаѓачот една од нив. Во текот на директниот видео-пренос во еден момент се слушнале неколку истрели од огнено оружје и врисоци. Преносот бил веднаш прекинат. Коментаторите на турнирот замолчиле по пукањето, а се слушнале и луѓе како врискаат.
Многу луѓе поради безбедност биле заклучени во ресторан, а шерифот препорачал ова подрачје да се избегнува. Локалните медиуми јавуваат дека на самото место има неколку возила на итна помош, пожарна и полиција, како и дека се блокирани патиштата околу оваа зона во центарот на градот.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















