Јужна Африка идентификувала нова верзија на коронавирусот која го предизвикала вториот бран на заразата, изјавил тамошниот министер за здравство, Звели Мкизе, само неколку дена откако Велика Британија соопшти дека исто така пронашла нов вид на Ковид-19.
„Го свикавме овој состанок за да соопштиме дека нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот SARS-CoV-2, која моментално ја нарекуваме 501.V2“, напишал Мкизе на Твитер.
„Собраните докази силно сугерираат дека овој сој кај нас го предизвикал вториот бран на пандемијата“, додал министерот.
Во Јужна Африка досега се забележани повеќе од 900.000 инфекции со Ковид-19 и 24.000 смртни случаи. Во последните неколку дена во земјата се бележат околу 10.000 новозразени дневно, додека кон почетокот на ноември таа бројка изнесуваше околу 1.200.
Светската здравствена организација (СЗО) истакна дека е во контакт со јужноафриканските експерти кои го идентификувале новиот вид на коронавирус и додава дека досега нема знаци дека имало промена во однесувањето на новата верзија.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)



















