Две девојки во Севиља беа казнети за тверкање во бикини во фонтана за време на полицискиот час поради коронавирусот.
Имено, видео на кое се гледаат две девојки и како играат и се смеат во фонтана во 4.31 часот наутро, за време на полицискиот час, се појави на социјалните мрежи.
Полицијата започна истрага заснована на снимката, ги пронајде девојките и ги казни за неносење маска, капење во јавна чешма и кршење на мерка забрана за движење.
Според шпанските медиуми, една од нив била видена на забава недалеку од местото каде што е снимено видеото, па полицијата трагала по тие луѓе.
Севиља е град каде што е во сила полицискиот час од 22 до 7 часот наутро, како дел од борбата против оваа инфекција.














![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























