Женскиот фудбалски клуб Љуботен на социјалните мрежи се пофали дека ангажирале ново засилување, станува збор за 22 годишната Ана Беатриз Тарантино, која е позната како Роналдиња.
Ана Беатриз Тарантино ќе биде првата Бразилка во македонскиот женски фудбал. ЖФК Љуботен денеска на социјалните мрежи се пофали дека потпишале со 22-годишната фудбалерка која игра во нападот.
Популарната Роналдиња ќе го засили клубот од Тетово во јануарскиот преоден рок.
„Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме првата Бразилска фудбалерка во Прва Македонска Фудбалска лига за жени Ана Беатриз Тарантино со уметничко име Роналдиња, која е поранешен член на Васко де Гама, и доскорешен член на ФФК Фордерланд од Австрија. Роналдиња ќе преставува капитално засилување во остварување на целта!“ – гласеше известувањето.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















