Ако судиме според она што го објавува на социјалните мрежи, пејачката Елена Петреска периодов е посветена на модата и убавината повеќе од кога било.
Фотосесиите и станаа секојдневен начин на живот, баш како оној на моделите, а освен фотографиите кои ги прави во домашен амбиент за своја душа, таа почна се почесто да изработува и професионални фотосесии на кои изгледа модерно, префинето, женствено, провокативно, секси…
Описот на фотографиите секогаш е поткрепен со некое нејзино видување на модата и облеката, но и за производите за убавина кои и помагаат во секојдневната нега на кожата, телото, одржувањето на имунитетот и здравјето.
Меѓу најновите фотографии се најдоа такви каде изгледа како модел од модно списание.
На себе има фенси мантил со кој суптилно е покриена, но се гледаат голите нозе кои ја брануваат фантазијата.
Очигледно е дека ова ја исполнува и ја прави среќна, а тоа е евидентно од приложеното.
фото:инстаграм/елена петреска/амел амед














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















